ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Приведен крадец во Гостивар, одземеното вратено на сопственикот
Приведен крадец во Гостивар, одземеното вратено на сопственикот

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера околу 19:30 часот, го лишиле од слобода 30-годишниот Ш.Ф. од гостиварско Чегране, кој претходно на улица „Борче Јовановски“ во Гостивар одзел скутер со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на Џ.Р.(30) од Гостивар.
МИВ соопшти дека скутерот бил пронајден и вратен на сопственикот, а Ш.Ф. бил задржан во Полициската станица Гостивар. По целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок