МАКЕДОНИЈА

Приведен крадец во Скопје, следува соодветна пријава

На 15.12.2021 во 12.30 часот на ул.„Димитрие Чуповски“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода А.И.(46) од с.Сарај, скопско. Тој се сомничи дека претходно во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ од Г.Ј.(52) од Скопје одзел пари и мобилен телефон. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а во службен разговор во полициска станица А.И. го признал делото.

Advertisements

За случајот бил запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против А.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button