ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Приведен криминалец баран по централна потерница

Полициски службеници од Оперативен тим – потраги при СВР Скопје, вчера во 17.00 часот на ул.„23 Октомври” во Скопје, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода Е.Д.(22) од Скопје.

Од МВР денеска информираа дека за него била распишана Централна потерница за издржување казна затвор од две години и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на затворската казна.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button