МАКЕДОНИЈА

Приведен криминалец од Азербејџан, баран од Интерпол

Денеска во 11.50 часот во Скопје полициски службеници го приведоа Б.А. (47) од Азербејџан, по распишана меѓународна потерница од Интерпол Баку, Азербејџан, кој се барал за издржување на казна затвор во времетраење од 12 години. Секторот за меѓународна полициска соработка продолжува со активностите за приведување на бегалците од правдата на територијата на Република Северна Македонија, но и надвор од неа во соработка со Интерпол и полициите на другите држави.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button