ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Приведен криумчар на мигранти

Приведен криумчар на мигранти

Полицијата од Стар Дојран вчера го приведе П.К.(26) од село Јосифово за криумчарење на мигранти, информираат од Министерството за внатрешни работи.

“Околу 02:40 часот на магистралниот пат делница Марвинци – Удово, кај место викано „Калковска река“, полициските службеници забележале како од неговото возило „БМВ“ излегле мигранти, по што се дал во бегство. Набргу, тој бил пронајден и лишен од слобода, а биле пронајдени и 12 лица мигранти, од кои девет од Сирија и три од Пакистан. Тие се спроведени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија”, се вели во соопштението.

Од МВР информираат дека П.К. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button