МАКЕДОНИЈА

Приведен криумчар од кумановско, пронајдени шест мигранти од Сирија

На влезот од с.Четирце, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода Б.З.(26) од Скопје. Тој бил затекнат како со патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, врши превоз на шест лица мигранти од Сирија, од кои еден малолетник.

Advertisements

Мигрантите биле сместени во Прифатно – транзитен центар Табановце, а Б.З. бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полициската акција е спроведена во текот на вчерашниот ден.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button