МАКЕДОНИЈА

Приведен криумчар, пронајдени 12 мигранти

Доцна синоќа, во близина на с.Стојаково, општина Богданци, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишиле од слобода М.Е.(28) од Република Албанија.

Advertisements

Во наведеното време, со возилото „хјундаи“, кое го управувал, тој не застанал на знак за запирање даден од полициските службеници и продолжил со движење. Набргу го запрел возилото и се дал во бегство.

При преглед во возилото и проверка на теренот тој бил пронајден и лишен од слобода, а биле пронајдени и 12 лица мигранти (по четири од Сирија, Либан и Иран), кои ги превезувал во возилото. Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија, а лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button