МАКЕДОНИЈА

Приведен криумчар, пронајдени девет мигранти од Непал

На локалниот пат кон кумановското село Речица, синоќа во 23.10 часот полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во Бирото за јавна безбедност лишиле од слобода 17 – годишник од Виница.

Advertisements

МВР денеска соопшти дека при преглед во возило „фолксваген кеди“, кое претходно го управувал малолетникот, а на кое биле поставени две различни кумановски регистарски таблички, биле пронајдени девет лица мигранти од Непал. Мигрантите биле сместени во Транзитен центар Табановце, а против малолетникот, по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button