МАКЕДОНИЈА

Приведен криумчар, пронајдени шест мигранти

Доцна синоќа на автопатот „Пријателство“, од Граничен премин „Табановце“ кон Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Сопот“ го лишиле од слобода О.Б.(29) од с.Црвени Брегови, неготинско. Тој бил затекнат додека во возилото „алфа ромео“, со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал, се качуваат шест лица мигранти од Индија.Возилото било одземено, а мигрантите биле сместени во транзитен центар. О.Б. бил предаден во Полициската станица Куманово за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button