МАКЕДОНИЈА

Приведен маж од Кочани, пронајдени над 600 пиротехнички средства

Едно лице од Кочани е приведено откако за време на претрес на неговиот дом полицијата пронашла повеќе од 600 парчиња пиротехнички средства.

Advertisements

Како што се наведува во полицискиот билтен:

На 21.12.2020 во 20.50 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода З.Р.(56) од Кочани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 604 парчиња различни пиротехнички средства.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button