ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Приведен петнаесетгодишниот возач на автомобил во кој биле пронајдени оружје и муниција

Приведен петнаесетгодишниот возач на автомобил во кој биле пронајдени оружје и муниција

Петнаесетгодишното момче кое управувало со автомобил било фатено од страна на полицијата а во него било пронајдено оружје и муниција, соопшти обвинителството. Оттаму велат дека е поведена истрага против таткото на малолетникот, кој е обвинет за кривично дело неовластено поседување, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи.

Advertisements

„Во возилото било пронајдени пет пиштоли, од кои два пневматски и три огнени, шест рамки и 16 куршуми од различен калибар. По извршени проверки било утврдено дека за еден од пиштолите неговиот татко поседувал дозвола, додека за другите два пиштоли ги поседувал без дозвола“, велат од Обвинителство.

Петнаесетгодишното дете било запрено од страна на полицијата додека се движело во реонот на Волково во Скопје вечерта на 23 јануари. Надлежниот јавен обвинител предложи да се изречат мерки на претпазливост против осомничениот, таткото на детето, вклучувајќи забрана за напуштање на живеалиштето, како и одземање на пасошот и возачката дозвола но и забрана за неговиот малолетен син, други малолетни лица или други неовластени лица да имаат пристап во просторија или во домот каде што има огнено оружје./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button