ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Приведен поранешниот директор на затворот во Шутка

Поранешен директор на затворот во Шутка е приведен заедно со уште едно лице вработено во затворот, неофицијално дознава Сител од полициски извори.
Истрагата можно е да се прошири и на повеќе лица дел од затворскиот систем на земјава. Според се уште непотврдени информации, тие се сомничат за серија кривични дела меѓу кои злоупотреба на службена положба, овозможување бегство и противзаконско ослободување.
До овој момент официјална потврда од МВР не може да се добие.