ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Приведен разбојник баран за издржување седумгодишна затворска казна

Полициски службеници од Оперативен тим „Потраги“, попладнево во 16:00 часот на улица „Владимир Комаров“ во скопската населба Аеродром, го лишија од слобода С.Ц. (37) од Скопје, кој бил баран по централна потерница од Основен кривичен суд – Скопје.
Како што информира МВР, С.Ц. бил баран за издржување затворска казна во траење од седум години поради извршено кривично дело „разбојништво“ во врска со член 237 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа, се додава во соопштението на МВР.