МАКЕДОНИЈА

Приведен возач на патот Гостивар-Тетово, управувал возило со брзина од 151 км на место каде е дозволено 80 км на час

На патот Гостивар-Тетово, кај клучка Жеровјане, полициски службеници вчера го привеле Н.Р.(40) од с.Мала Речица, затоа што управувал патничко моторно возило „бмв“, со гостиварски регистарски таблици, со брзина од 151 км на час на место каде максимална дозволена брзина е 80 км на час, соопшти МВР.

Advertisements

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 297-а од Кривичниот законик- ,,безобѕирно управување со моторно возило“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button