МАКЕДОНИЈА

Приведен возач во Тетово, управувал возило со 111 км/час на место каде е дозволено 50 км/час

Полициски службеници од Полициската станица безбедност на патниот сообраќај Тетово вчера во 09.57 часот, го лишиле од слобода Х.А.(56) од с.Голема Речица, тетовско.

Advertisements

Од МВР денеска соопштија дека на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Тетово тој управувал патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 111 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е 50 километри на час во населено место.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button