ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Приведен жител на Рашче поради шверц на мигранти

Екипа од полициската станица за граничен надзор на преминот „Богородица“, меѓу С Македонија и Грција вчера вечер привеле жител на скопското село Рашче, кој бил затекнат со мигрант од Сирија, при обид за илегално преминување на границата.

Advertisements

„На 06.08.2023 полициски службеници од полициската станица за граничен премин и граничен надзор ‘Богородица’ го лишиле од слобода Б.А.(27) од с.Рашче, скопско. Во 21.15 часот тој бил затекнат со А.А.(18), мигрант од Сирија, при илегално преминување на државната граница од Република Грција во Република Северна Македонија“,се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Оттаму информираат дека мигрантот е сместен во прифатно-транзитен центар, додека осомничениот жител на Рашче бил задржан во полициска страница.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од Министерството.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button