МАКЕДОНИЈА
Приведен жител на Сарај, пронајден пиштол и 53 куршуми

Полицијата приведе 50-годишен жител на Сарај, З.З., откако при претрес на неговиот дом биле пронајдени пиштол и 53 куршуми.
Претресот бил спроведен со судска наредба од Основниот кривичен суд Скопје, а акцијата ја реализирале полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје.
Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека осомничениот е задржан во полициската станица Гази Баба. Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик, кој се однесува на недозволено поседување оружје и муниција.
„Известен е јавен обвинител, и по негова насока, пријавениот во текот на денешниот ден ќе биде изведен пред судија на претходна постапка,“ соопштија од МВР.