МАКЕДОНИЈА

Приведена скопјанка осомничена за измама при продажба на стан

Полицијата синоќа во 21.00 часот во скопски Аеродром, полициски ја лишиле од слобода В.С.Н.(55) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ при продажба на стан.

Advertisements

Како што се наведува во соопштението од МВР, 34-годишен скопјанец на В.С.Н. и исплатил 172.732 денари при склучување на нотарски договор за посредување при купување на стан, но оштетениот подоцна дознал дека станот веќе бил продаден на друго лице, по што сфатил дека e измамен.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button