МАКЕДОНИЈА

Приведени четири лица за приложување лажни ПЦР тестови

Полициски службеници на Граничниот премин „Меѓународен аеродром“-Скопје синоќа привеле четири лица со место на живеење во Швајцарија за приложување на лажни пЦР тестови, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
-Синоќа во 19:20 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром“-Скопје, полициски службеници ги привеле С.С.(38) од Куманово, со место на живеење во Швајцарија, Е.Џ.(43) од Босна и Херцеговина, со место на живеење во Швајцарија, М.Р.(59) од Швајцарија и П.С.(45) од Швајцарија, поради постоење основи на сомнение дека приложиле лажни негативни ПЦР тестови, се наведува во соопштението на Министерството.
Од Министерството информираат дека бил извршен  разговор со нив и било утврдено дека тестовите им ги набавил нивен пријател по цена од 30 евра по тест. Лицата биле задржани за понатамошна постапка.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button