ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Приведени дилери во Дебар, пронајдена е марихуана

На излезот од Дебар кон Маврово, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар во кооординација со Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар ги лишиле од слобода Б.Л.(19) и малолетник, двајцата од Дебар. При преглед кај нив била пронајдена и одземена ќеса со марихуана.

Advertisements

Тие биле приведени во ОВР Дебар и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Настанот се случил во текот на вчерашниот ден.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button