ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Приведени двајца криумчари на мигранти

Приведени двајца криумчари на мигранти

Вчера во местото Клисура, близу Демир Капија, биле приведени двајца криумчари на емигранти, С.Р.(22) од с.Брест, општина Чучер Сандево и Е.Ј.(25) од с.Арачиново.
При преглед во возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал С.Р., а сопатник бил Е.Ј., биле пронајдени 14 лица-мигранти (по 6 лица од Сирија и Пакистан и 2 лица од Авганистан). Претходно, во 18.30 часот, на автопатот А1 во правец од Прдејци кон Демир Капија, возилото не застанало на знак за запирање од полициски службеници, а кога било запрено возачот, совозачот и мигрантите се обиделе да избегаат, но биле спречени и лишени од слобода, соопшти МВР.
С.Р. и Е.Ј. биле приведени во Полициската станица Неготино за понатамошна постапка, а мигрантите биле спроведени во Транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button