МАКЕДОНИЈА

Приведени двајца тетовци осомничени за кражби од возила

Полициски службеници на СВР Тетово ги лишија од слобода тетовците А.К. (22) и А.К. (19).

Advertisements

Како што соопшти МВР, лицата се лишени од слобода вчера околу 13.30 часот на улица „Вонвардарска“ во Тетово. Тие се сомничат дека во текот на овој месец извршиле неколку кражби од возила во Тетово. Предметите  биле пронајдени и одземени од нив.

По целосно расчистување и документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 235 за „кражба“ и член 236 за „тешка кражба“ од Кривичниот законик.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button