МАКЕДОНИЈА

Приведени крадци на Бит Пазар, следуваат пријави

На подрачје на Бит Пазар доцна синоќа од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишени од слобода се Е.Е.(18) и уште тројца 17-годишници, сите од Скопје.

Како што информираа денеска од МВР, тие претходно на подрачје на Бит Пазар со употреба на физичка сила од двајца малолетници од Скопје одзеле пари и предмет, кој подоцна бил пронајден кај пријавените.

Лицата се предадени на полициски службеници од Полициска станица Бит Пазар, а по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button