СВЕТ

Приведени над 400 лица во Истанбул кои учествуваа во демонстрациите за 1 Мај

Вкупно 409 лица се приведени во Турција од страна на полицијата поради учество во демонстрациите по повод 1 Мај, Денот на трудот и солидарноста, изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја за турските медиуми.

Advertisements

Во Истанбул беа приведени 407 лица и по едно лице во градот Токат во северна Турција и градот Ван во југоисточна Турција.

Според информациите од опозицискиот весник „Џумхуриет“, стотици демонстранти биле блокирани од полицијата во централните области на Истанбул, Бешикташ и Шишли, каде што избувнале судири додека демонстрантите се обидувале да ги пробијат барикадите.

Меѓу блокираните лица беа пратеници од главната опозициска Републиканска народна партија (РПП). Полицијата не им дозволи на демонстрантите да стигнат до плоштадот „Таксим“, каде што масовните демонстрации се забранети од 2013 година.

Според информациите на веб-страницата Т24, меѓу приведените се 11 адвокати. Адвокатската комора на Истанбул ги повика властите да ги ослободат адвокатите, велејќи дека притворањата се незаконски. Стотици луѓе беа приведени и во други делови од градот.

Според опозициските медиуми, испрашувањето на приведените од полицијата продолжува.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button