Приведени осомничени за економски криминал во акцијата „Синџир“

Приведени се неколку осомничени луѓе за оштета на државниот буџет и македонската економија, соопштија од Обвинителството за борба против организиран криминал и Управата за финансиска полиција. Во организирана акција на овие две институции заедно со полицијата рано утринава се извршени претреси во објекти во Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид.
„Акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка од економски криминал под кодно име „Синџир“ за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството што Управата за финансиска полиција ја спроведе со обвинителството и истражители од Истражниот центар на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција“, е наведено во заедничкото соопштение на обвинителството и финансиската полиција.