ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Приведени скопјани барани со потерници

Приведени скопјани барани со потерници

Полициски службеници денеска лишија од слобода двајца скопјани барани со потерници, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Advertisements

Во 5:10 часот на улицата „Алија Авдовиќ“, полициски службеници од Оперативен тим потраги и Единицата за интервентна полиција при СВР – Скопје го лишиле од слобода 48-годишниот Н.С., кој бил баран со централна потерница по наредба од Основен кривичен суд – Скопје за затворска казна од три години и два месеца за сторено кривично дело во врска со член 396 од КЗ – неовластено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи.

– Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено-поправна установа, потенцираат од Министерството за внатрешни работи.

Во 7:35 часот на улицата „134“, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР – Скопје го лишиле од слобода 46-годишниот Б.Ѓ., кој бил баран со централна потерница по наредба на OJO – Скопје, во врска со член 215 од КЗ – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Како што додаваат од Министерството, лицето ќе биде предадено на ОЈО – Скопје.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button