ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Приведени тројца велешани, при претрес на нивните домови запленети повеќе видови дрога

По претходно добиена наредба од Основен суд Велес, вчера е извршен претрес во домовите на три лица во Велес при што се пронајдени повеќе видови дрога.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, кај З.Ј. (50) се пронајдени и одземени две саксии со садници канабис сатива, повеќе пакувања со марихуана, едно пакување со опиум, едно пакување со амфетамин и дигитална вага.

-При претресот кај Д.Ј. се пронајдени и одземени марихуана и поголем износ на пари, додека кај З.Ј. (26), двајцата од Велес, се пронајдени и одземени саксија канабис сатива и марихуана. наведува МВР.

Лицата се приведени во полициската станица во Велес и по целосно документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button