ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Приведено лице барано по централна потерница

Полициски службеници од Оперативен тим – Потраги при СВР Скопје, вчера во 17:30 часот на ул.„Лазар Трповски” во Скопје, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода Д.Г.(24) од Скопје.

Advertisements

Како што информираа од МВР денеска, за него била распишана централна потерница по наредба на Основното јавно обвинителство Велес за истрага, поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Лицето било предадено во Полициската станица Бит Пазар за понатамошна постапка. 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button