МАКЕДОНИЈА
Приведено лице од Тетовско, извршило повеќе тешки кражби на подрачјето на Теарце

МВР информира дека вчера во 14.40 часот полициски службеници од Полициското одделение Теарце го лишиле од слобода Д.М. (34) од тетовска Вратница. За него постои основано сомнение дека е извршител на повеќе тешки кражби на подрачјето на Теарце.
-Д.М. е приведен и задржан во Полициска станица Тетово за понатамошна постапка, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе следи соодветен поднесок, наведуваат од МВР.