МАКЕДОНИЈА
Приведено лице по распишана потерница

Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 12.10 часот, го лишиле од слобода М.С.(35) од село Гошинце, Липковско, со привремено живеалиште во скопското село Арачиново, информираа денеска од МВР.
За него била распишана потерница, врз основа на издадена судска наредба, со која се барал за издржување на казна затвор за сторено кривично дело по член 382 ст.3.
Лицето било спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Скопје за издржување на казната.