ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Привремените „учебници“ ќе бидат во електронска форма, кој сака ќе може да си ги испечати

За предмети за кои ќе нема учебници, на располагање ќе има помошни материјали за ученици и прирачници за наставници. Тие се изработени од Бирото за развој на образованието и ќе бидат достапни само во електронска форма на веб-страницата на Бирото. Постои и можност секое училиште на своја иницијатива, индивидуално да одлучи да ги испечати, соопштија од Министерството за образование и наука (МОН).
Оттаму уверува дека оваа школска година ќе има учебници за учениците. За време на летниот период Министерството успеало сите одобрени учебници да ги испечати и до 1 септември тие ќе бидат испорачани до училиштата и на располагање на учениците, соопштија од МОН.