МАКЕДОНИЈА
Пробиен патот до селото Герман, учениците се на настава

Расчистен е регионалниот пат Општина Ранковце – село Герман, по четири дена непристапност и немање сообраќајна комуникација со општината.
Расчистувањето е извршено и кон црквата и кон подрачното основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“, така што, по три дена онлајн настава, од денеска учениците се вратија во училишните клупи.
Жителите на ова планинско село кое се наоѓа на 1.400 метри надморска височина беа отсечени четири дена откако на 1 февруари обилните врнежи од снег формираа снежна покривка од околу 70 сантиметри.