ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Проблеми со превозот на ученици во Тетовско

Останува нерешено прашањето за превозот на учениците од населбата Сончев Брег и тетовското село Расадиште. Родителите се жалат дека од почетокот на наставата, приватно се принудени да плаќаат превоз на нивните деца до училиште кое е на повеќе од 3 километри одделеченост.

Advertisements

„Двесте евра месечно даваме за такси од улица 146 до „Истигбал“ и „Наим Фрашери“. Немаме можност да плаќаме 300 евра месечно кога платата ми е 300 евра. Треба да јадеме и пиеме, се знае дека општината и Министерството за образование имаат обврска да го обезбедат тоа“…

„Ова многу нè боли, плаќаме 300 евра, што да правиме попрво, да го издржуваме семејството или да плаќаме превоз. Нема да ги пуштиме на училиште во зима бидејќи немаме друг избор.“

„Се работи за четириесет и две деца, превозот е од Расадиште до „Истигбал“. Се јавивме во Алсат откако бевме во управата на општината, велат дека денеска или утре ќе ни се јават. Нема да застанеме, ќе продолжиме до крај бидејќи повеќе не можеме да излеземе на крај. Ни велат децата да ги носиме до „Наим Фрашери“, но исто растојание е, треба превоз“, реагираат родителите.

Од образовниот сектор во општина Тетово велат дека бараат решение.

„Работиме на изнаоѓање формално – законско решение, како за учениците од улицата 146, така и за учениците од село Расадиште, со цел превозот на овие ученици да не се врши како што се правеше во минатото, туку да се врши со чиста правна форма. Наскоро ќе најдеме решение и на овие ученици ќе им биде вратен јавниот превоз…“, изјави Назми Даути, раководител на секторот.

Родителите пак, најавуваат дека доколку не се најде решение до крајот на месецов, ќе ја бојкотираат наставата и ќе протестираат.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button