
Вечерва во Програмата 200 беше поканет министерот за Образование и Наука Јетон Шаќири. За проблемите со превозот на учениците од Сфиларе, Нерези, Визбег и многу други села, министерот вети дека тоа многу брзо ќе се среди.
„Ги поканувам сите ученици што ги спомнавте, директно да комуницираат со министерот, бидејќи јас сум отворен за комуникација“, рече министерот за Образование.
Тој додаде дека ќе стори се што може, па ќе комуницира и со локалната власт за овој проблем да се среди./Alsat.mk