Проблемот со паркирањето во Тетово ќе се решава во 2025 година

Генералниот урбанистички план, решавањето на проблемот со паркинзите, со водоводот и продолжувањето на работите на булеварот, се предизвиците за следната година за првиот човек на општина Тетово, Билал. Касами. На прес-конференцијата рече дека со иста сериозност како и досега ќе пристапи кон решавање на овие проблеми за жителите на Тетово. Касами најави формирање на општинска полиција која ќе придонесе за одржување на јавниот ред
„Во генералниот урбанистички план нарачавме студија за мобилност преку која ќе го решиме прашањето за паркингот, прашањето за режимот на патишта и јаниот превоз или узурпација на тротоарите. Преку оваа студија конечно ќе го решиме прашањето каде ќе има отворени или зонски паркинзи. Ќе седнеме и со Дирекцијата за заштита и спасување да разговараме за можноста за санација на градските прифатилишта кои во моментов не се користат, да се претворат во паркинзи и засолништа“, рече Касами.
Касами рече дека интензивно се работи и со инвеститорот за Попова Шапка бидејќи деталниот урбанистички план за ова туристичко место е во фаза на доработка и е во Министерството за транспорт.
„Заедно со министерот за транспорт и министерот за надворешни работи се сретнавме со инвеститорот и им беа дадени упатства како треба да постапи италијанскиот инвеститор и какви информации ни се потребни како Влада за да донесеме соодветна одлука за следните фази“, додава Касами.
Касами рече дека се работи и на промена на имињата на улиците. Додаде дека само за поставување нови патишта се инвестирани околу 3 милиони евра, инвестиции кои се очекува да продолжат и во текот на 2025 година.
Башким Сулејмани