ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Проблемот со превозот во Скопје останува „во лер“

Проблемот со превозот во Скопје останува „во лер“

Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје им ја затвори вратата за средба на приватните превозници. Откако истото им го стори и градоначалничката Арсовска, денеска тие не беа примени ниту од директорот на ЈСП, Александар Стојковски. Иако останаа неколку часа пред претпријатието, на крај добија одговор дека е потребно да испратат писмено барање за средба. Приватните превозници велат дека нема да се откажат да си ги бараат парите од Град Скопје и од ЈСП. Ги демантираат обвинувањата на градоначалничката дека наводно правеле злоупотреби со билетите.

Advertisements

„Плаќањето се врши со електронски картички, тие електронски картички ги купуваат еднаш. Патниците ги пополнуваат во билетарниците на ЈСП Скопје, а не кај нас во автобус. Апаратот што го имаме во автобусот не дозволува да се полнат картичките и тоа е една од слабостите на системот за плаќање на граѓаните“, рече Исен Халили, приватен превозник.

Откако наидоа на затворени врати во ЈСП, раководителите на „Слобода превоз“ и на „Мак експрес транс“ беа примени од координаторите на советниците во Град Скопје.

Општинските советници на седница в понеделник ќе бараат отчет од Арсовска за состојбите во градскиот превоз.

Превозниците за понеделник најавуваат протести и блокирање на улиците со своите над 220 автобуси./Alsat.mk

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button