Продавачите повеќе се жалат од купувачите

Граѓаните се подготвуваат за Нова Година. И покрај високите цени, полни се и пазарите и торбите. Повеќето граѓани не сакаат да штедат кога се во прашање новогодишните празници, па сакаат да ги прослават како и секоја друга година. Но, некои други, поради високите цени, симболично ќе одбележат.
Продавачите се жалат дека немаат работа. Споредено со минатите години, оваа била многу послаба.
„Мислевме дека ќе има нешто подобро, но нешто сè послабо оди. Во однос на цените, цените се многу ниски, но буџетот на народот е многу слаб. Во моментов нема работа, четири дена сум со оваа роба, немаме работа. Во споредба со другите години, пред две години имавме работа, имавме продажба“, вели една продавачка.
„Оваа година е многу слаба, не е како претходните, многу е послаба. Дали се подготвуваат за празниците? Многу малку, многу малку, нема прослави како претходните години, малку послабо“, додаваат продавачите.
Годинава граѓаните ќе ја паметат по големата економска криза и поскапувањето на сите производи. Очекуваат стабилизација во следната.
Ајнур Бафќари