ЕКОНОМИЈА

Продавниците набавија евтин леб од малите пекари

Некои дуќани веќе почнаа да се снабдуваат со леб по цена од 33 динари, од малите производствени компании.

Advertisements

„Од приватни пекари, мали пекари, додека големите пекари не работат, не не снабдуваат, само од малите пекари. И обичен леб, диетален леб немаме“, вели еден продавач.

Во меѓувреме, рафтовите на другите продавници, кои се уште не одлучиле да се снабдуваат од малите производители, и понатаму остануваат празни.

Пекарите велат дека не знаат дали ќе можат да произведат доволно леб за да го поделат до сите мали продавници. Тие велат дека по празнењето на полиците во продавниците е зголемена продажбата во нивните пекари.

„Деновиве кога не произведуваат леб, работата е зголемена…Слушнавме дека големите компании бојкотираат….“, рече еден пекар.

Граѓаните воопшто не се загрижени, велат дека лебот го добиваат од мали пекари, или сами готват дома.

Рафтовите во продавниците се испразнети од 1 март, кога стапи на сила одлуката на Владата за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб по 33 денари.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button