ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Продолжен притворот на Габриел Бајрам

Продолжен притворот на Габриел Бајрам

Советникот од Град Скопје, Габриел Бајрам, кој е осомничен за насилство, по истекот на осумдневниот притвор доби продолжување на мерката притвор за уште 30 дена.

Advertisements

Директорот на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари за МИА изјави дека до нив е стигната потврда за продолжување на притворот.

Согласно одлуката на Кривичниот суд, мерката за продолжување на притворот е поради проценката дека осомничениот би можел да се даде во бегство.

Кривичната пријава за Бајрам беше поднесена откако во угостителски објект во Скопје на семејна веселба повредил еден од вработените и го кршел инвентарот во објектот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button