ВЕСТИРЕГИОН

Продолжени за уште една седмица актуелните мерки за влез во Грција

Актуелните правила и мерки за патување во Грција, односно задолжителен документ за Ковид-19 и PLF формулар, кои меѓу другото важат и за државјаните на Северна Македонија, продолжени се за уште една седмица, јави дописничката на МИА од Атина.

Advertisements

Новата министерска одлука на грчката Влада, „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“, веќе е објавена во Службен весник на Грција, стапи во сила во шест часот утрово, а во сила е до следниот петок 8 октомври.

За патување кај јужниот сосед, нема промени, задолжителен е сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19 или негативен ПЦР/рапид тест, како и пополнет формулар за влез во земјата, додека пак за невакцинираните, односно за оние кои патуваат со негативен тест и понатаму е во сила одлуката за дополнително тестирање на влезните точки во Грција.

За влез од Северна Македонија во Грција отворени се сите гранични премини, кои работата 24 часа.

Сите посетители „независно од државјанството и начинот на влез во земјата“ исто како и во изминатите четири и пол месеци имаат четири опции, во однос на документите што треба да ги приложат и се поврзани со Ковид-19, а МИА детално ги пренесува сите правила за патување кај јужниот сосед.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button