ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Продолжениот викенд- искористен за одмор во соседните земји

Продолжениот викенд- искористен за одмор во соседните земји

Само од 12 часот навечер до 11 часот денеска на граничните премини поминале над 20 илјади граѓани, од кои најголем дел на преминот во Богородица. Многу луѓе одлучија да го поминат викендот на плажите во Грција.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во последните 24 часа поголема фркевенција имало на сите гранични премини.

„На граничните премини во земјава во периодот од 00:00 до 11:00 часот денеска се излезени 21267 граѓани, а во земјава влегле 14145 граѓани. На граничните премини Табановце, Богородица и Блаце забележан е поголем промет на возила, а преземени се сите мерки од страна на Министерството за внатрешни работи за побрз промет на возилата“, велат од Министерство за внатрешни работи .
Продолжениот викенд и високите температури од друга страна речиси го испразнија градот Скопје./Алсат.мк

Авни Тахири

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button