ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Продолжи протестот на Синдикат на УЈП, ќе испратат известување за штрајк до работодавачот

Продолжи протестот на Синдикат на УЈП, ќе испратат известување за штрајк до работодавачот

Од Синдикалната организација „Солидарност“ при Управата за јавни приходи кои  вчера почнаа протест за повисоки плати за 30 проценти, најавија дека денеска ќе испратат известување за штрајк до работодавачот  и предлог за помирување до Министерството за труд и социјална политика.

Advertisements

Од Синдикатот за МИА велат дека ќе ја реализираат одлуката за штрајкот што беше донесена вчера, ако не бидат исполнети нивните барања  и штрајкот би се одржал за околу 15 дена.

Членовите на Синдикатот  при УЈП од  вчера започнаа со протести на работните места во времетраење од 10 до 12 часот, без да ги извршуваат работните обврски.  – Оваа состојба би траела се до стапувањето во генерален штрајк, велат од синдикатот на УЈП.

Нивните барања, кои ги искажаа на предупредувачкиот протест кој се одржа во вторникот пред Министерството за финансии, се потпишување на Колективниот договор, во кој , како што велат,се утврдени неопходните права потребни за функционирање на Оправата, меѓу кои е и правото на зголемување на платите кое е одобрено со член 66 од Законот за буџети, со кој е предвидено нивно зголемување за 30 отсто.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button