МАКЕДОНИЈА
Продолжи судењето за „Талир“

Денеска во Кривичниот суд продолжи судењето „Талир“ за незаконското финансирање на ВМРО ДПМНЕ. Сведочеше сопственик на фирма кој рече дека дал 15.000 евра во партијата, по барање на обвинетите Миле Јанакиески и Кирил Божиновски. Во овој случај, покрај поранешното раководство на чело со Никола Груевски кому му се суди во отсуство, за перење пари обвинета е и самата партија – ВМРО ДПМНЕ.