Продолжи судското рочиште за модуларната болница во Тетово
Продолжи судското рочиште за модуларната болница во Тетово

Со читање на доказите на одбраната денеска продолжи судското рочиште за модуларната болница во Тетово. Рочиштето започна со читање на исказите што ги прочитаа адвокатите на обвинетите, во обид да ја докажат невиноста на поранешниот директор на Клиничката болница и на останатите обвинети во овој случај.
Членовите на семејствата во судот го изразија своето незадоволство, бидејќи како што велат на рочиштето не се зборувало за причините за пожарот туку за обсштетувањето.
„Поентата е да се зборува за пожарот, употребените материјали и како ќе заврши. Ова е поентата на корупцијата што предметот не е отворен за целиот случај, туку само за противпожарните апарати. Не знам како да го опишам. Тие треба да го отворат случајот како што треба, не само за апаратите. Нема да толерирам да се исмеват, треба да се срами адвокатот да го спомна, само нека размисли што ако членовите на неговото семејство би биле таму, како би се чувствувал“, рече Ибин Емшиу- роднините на две жртви.
Поради отсуство на сведоците на Обвинителството, денешната седница беше прекината, а продолжението е закажано за 22 април, кога се очекува да учествуваат тројцата предложени сведоци.
Според членовите на семејствата, на обвинителната клупа не седат вистинските виновници, повикувајќи го Обвинителството да ја прошири истрагата. И покрај судските рочишта за недостиг на противпожарни апарати, Обвинителството се уште води истрага за пожарот, со што се одолговлекува поднесувањето на обвиненијата за оваа трагедија. Во пожарот во модуларната болница во Тетово животот го загубија 14 лица, 12 пациенти и двајца членови на семејствата./Алсат.мк
Башким Сулејмани