
Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжува амандманската расправа по ребалансот на Буџетот. Според информациите објавени на веб-страницата на законодавниот дом, седницата треба да почне во 12:30 часот.
На седницата на Комисијата вчера, пратеничките групи на СДСМ и коалицијата ВЛЕН ги повлекоа поднесените амандмани по ребалансот на Буџетот, така што од над 200 поднесени амандмани, остануваат уште 30.
Повлекувањето на преостанатите 142 поднесени амандмани на СДСМ на седницата го соопшти координаторот на пратеничката група Оливер Спасовски, кој најави дека ќе поднесат два нови комисиски амандмани насочени кон справување со последиците од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани и тековните пожари низ државата.