ВЕСТИРЕГИОН

Продолжува битката со огнените јазици на Крф и Родос, пожарите сѐ уште вон контрола

Во Грција се уште беснеат пожари на Родос, Крф, Агиос, Каристос и Иликис. Во гаснењето се вклучени пожарникари и доброволци, а од утрово во борбата со огнот повторно се вклучени авиони и хеликоптери. Противпожарната служба соопшти дека во неделата избувнале нови 64 шумски пожари поради екстремно високите температури, објави „Грик репортер“.

Advertisements

На Родос пожарникарите цела ноќ се бореа со пламените јазици меѓу Аполо и Платанија, а шефот на противпожарната служба Василис Ватракојани на вонреден брифинг со новинарите изјави дека постои сомневање дека пожарите на Родос се подметнати пожари и дека истрагата е во тек. Ватракојани изјавил дека во моментов голем пожар е во тек на Родос кај населбата Асклипиеио во јужен правец, пренесува „Катимерини“.

Тој рече дека во гаснењето на пожарот се вклучени силни противпожарни сили на терен, осум авиони, од кои два од Турција и еден од Хрватска, како и 10 хеликоптери, од кои два од Египет.

Танјуг

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button