ВЕСТИРЕГИОН

Продолжува блокадата на премините Јариње и Брњак

Блокадата на патиштата што водат до премините Јариње и Брњак продолжи и денеска, а бројот на демонстранти кои се противат на одлуката на косовските власти да воведат мерки за реципроцитет за регистарски таблички, се зголеми утрово во споредба со синоќа, пренесува „Спутник“.

Припадниците на специјалните единици на Росу се замениле околу еден час по полноќ, а ноќта поминала без инциденти. Покрај припадниците на Росу, ситуацијата на северот на Косово ја следеше и КФОР, кој  патролирал со хеликоптер.

Во исто време, административниот премин Мердаре е гужва поради замена на регистарските таблички со привремени, пренесува РТС.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button