ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Продолжува бојкотот на наставата во Нерово

Над 140 ученици од основното училиште „Никола Карев“ од село Нерово Општина Крушево, денеска ја бојкотираа наставата. Родителите повторија дека нема да ги пуштат децата на настава се додека надлежните институции не дозволат реализација на градежните работи, и легализација на новата училишна зграда која во моментов ја градат жителите на селото. Според жителите, секој обид за уништување на овој објект ќе биде спречен. Од друга страна, градоначалникот на Крушево Тони Христоски, за Алсат изјави дека ќе се разгледа секоја можност новата училишна зграда да не се руши, туку да се стави во служба на учениците и наставниот кадар.

Advertisements

Христоски потсетува дека генезата да не се легализира новата училишна зграда која е веќе во изградба, но и старата, датира многу години наназад, по територијалната поделба од 1996 година.

Жителите на селото Нерово од понеделникот протестираат пред училишната зграда, откако полицијата ги запре градежните работи на објектот и според жителите, одлуката за уривање на објектот се разгледува поради немање одобрение за градба од институциите. Според градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христоски, околу 90% од објектите во селата на оваа општина се без план, вклучувајќи ја и старата училишна зграда каде учениците во моментов посетуваат настава.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button