
По екстремните горештини и сушата, Грција сега се бори со првите шумски пожари годинава. Пожари избувнаа во неколку области во близина на главниот град Атина. Многу луѓе мораа да бидат евакуирани.
Осумдесет и еден пожар до синоќа се регистрирани во Грција, објави министерот за климатски кризи и цивилна заштита, Василис Кикиљас. Според него четири од пожарите биле посериозни, а сите биле предизвикани дали од невнимание, од криминална небрежност или од потпалување.
Кикиљас вели дека во четирите големи пожари интервенирале вкупно 544 пожарникари со 198 возила, а од воздух периодично гаснењето било со 23 авиони, 18 хеликоптери.
One more summer, somewhere near Athens, #Greece. #wildfires #φωτια pic.twitter.com/CM2GPpxDUo
— Savvas Karmaniolas (@savvaskarma) July 17, 2023
Противпожарната служба предупредува дека со растот на температурите значително се зголемува ризикот од шумски пожари. Во летото 2021 година тешки пожари веќе опустошија дел од земјата. Три лица ги загубија животите, а уништени беа повеќе од 100.000 хектари шума. Во 2018 година, во Мати, во близина на Атина, во најтешкиот пожар во земјата досега загинаа повеќе од сто луѓе.