Продолжува „боцкањето“ во СРЦ Борис Трајковски, не се пријавени несакани ефекти

Над 12 илјади граѓани се вакцинирани од почетокот на имунизацијата против Ковид 19. Само во спортската арена А1 за еден ден вакцинирани се околу 2.500 граѓани, вработени во државни институции кои се сметаат за најзагрозена категорија. Министерот за здравство Венко Филипче информирапе дека досега немало несакани ефекти по приемот на вакцината.
Вакцинацијата на населението и зголемените ограничувачки мерки се очекува значително да го намалат бројот на нови случаи, велат здравствените власти. Но, граѓаните сметаат дека новите мерки доаѓаат со задоцнување откако вирусот веќе нè покоси.
„Сметам дека граѓаните требаше порано да бидат информирани за мерките. Дилемата е отколку тоа што нè најдоа неподготвени.“
„Сега бројот на случаи е зголемен, какви мерки се потребни сега?“
Министерот Филипче вели дека мерките се последица на влошената состојба и немаат никаква врска со политичките случувања.
Во моментов состојбата во Куманово, Битола, Кичево и Тетово се смета за најкритична.
Vjollca Aliti
Vjollca Aliti